Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Прилози

🎥 Пропаѓа интерпелацијата на ДУИ: Собранието најверојатно нема да одлучува за одговорност за претседателот на Уставен

Најверојатно пропаѓа интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најверојатно пропаѓа интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. На координација на пратеничките групи, на која што не присуствувал само Блерим Беџети, токму од кај интегративците, сите реагирале дека не е добро Парламентот преку интерпелација да се меша во судската власт. Собранискииот спикер Африм Гаши, вели дека се воделе согласно членот 72 од Уставот и членот 47 од Деловникот на Собранието, дека тие покренуваат иницијатива за носител на јавна функција.

-Поради дилемите на пратеничките групи дали е возможна интерпелација за Костадиновски не е исклучено некој од пратениците на самата седница некој од пратениците да предложи оваа точка да биде тргната од дневниот ред. Со тоа пленумот ќе одлучи дали да има или не расправа.  За да нема вакви димелми, како претседател на Собранието ќе побарам од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да разреши што значи тоа „носител на јавна функција“, бидејки тоа се и претседателот на државата или градоначалниците, изјави Гаши.

Според Гаши би требало некоја пратеничка група да предложи да се тргне оваа точка од дневен ред. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека допрва ќе одлучат како ќе се однесуваат во среда, но велат дека Собранието не треба да се меша во судската власт.

Реклама

-Претседател на Уставен суд, си го бираат самите уставни судии. Се уште не сме разговарале како пратеничка група да видиме што како, меѓутоа еве сме имале и досега во минатото случаи каде што се изгласувала интерпелација за некој одреден функционер, посебно од делот на судството каде што гледаме каков е епилогот. Сметаме дека држиме на страна рацете од судството, самите да одлучат да видиме, а она што е став според работењето или неработењето на уставните судии сметам треба сите заедно да го донесеме, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

На стартот на месец јуни, Европскиот фронт предводен од ДУИ поднесоа интерпелација за Костадиновски, бидејќи Уставниот суд реши да ја оценува уставноста на Законот за јазици. Во образложанието кажа дека таа е поднесена врз основа на членот 72 од Уставот, со порака дека првиот човек на Уставен имал нешто против и имал предрасуди кон албанскиот јазик.

Матеја Петровски