Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Отворен Балкан, казина и корупција е наследството на ДУИ

Соопштение на коалиција ВРЕДИ: „Партијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалиција ВРЕДИ:

„Партијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција, со функционери обвинети за корупција и контрола над судството, која им служеше на антиалбанските интереси повеќе од две децении, денес има дрскост да обвини дека наводно Македонија се внесува во „српскиот свет“.

Токму оваа политичка партија со години ги затвораше очите пред дестабилизирачките проекти на Србија во регионот, станувајќи нивна алатка на сметка на Албанците и граѓаните на оваа земја. Тоа е партијата чии главни функционери се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков.

Реклама

Јавно прашуваме, дали заборавија дека токму поранешните функционери на ДУИ ентузијастички ја прифатија иницијативата „Отворен Балкан“, најважниот српски геополитички проект по распадот на Југославија, само за да ги зачуваат привилегиите на својот политички клан? Дали заборавија дека токму тие се наредија рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, станувајќи промотори на идејата „Отворен Балкан“ во време кога Албанците гласно се спротивставуваа на овој проект што им служеше на српските интереси и беше целосно против Република Косово?

Да не заборавиме, дали токму моќните на ДУИ, Артан Груби и Перпарим Бајрами, главни партнери во бизнисот со казината беа високи експоненти на српското подземје. Замислете ја иронијата, ДУИ, која сервилно ги пречекуваше и ги придружуваше српските функционери со црвени теписи во Македонија, денес продава патриотизам преку стерилни изјави. Отидоа дотаму што Бујар Османи го донесе шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Македонија. Целата нивна „патриотска“ пропаганда е само фасада за да ги сокријат неуспесите и корупцијата што ја имаат на своите рамена.

Тие се истите оние што денес врескаат од страв да не изгубат на следните локални избори, од страв дека албанските граѓани повеќе нема да можат да ги измамат со лагите и лажниот патриотизам што ги користат само кога се во опозиција.

ВЛЕН ќе продолжи да работи за граѓаните, за владеењето на правото, за европската интеграција и за заштитата на албанските интереси без да се замори од празните обвинувања на оние кои повеќе од две децении се збогатуваа и ја користеа власта само за нивниот тесен семеен круг. Со голема посветеност, го градиме Коридорот 8 и го зајакнуваме стратешкото партнерство со САД.

Македонија е во сигурни раце и ќе се движи кон ЕУ, без корупциските кланови кои станаа потпора на секој проект што доаѓа од Белград, само за да ја зачуваат својата моќ и богатство!“