Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Не молчевме за корупцијата, а чистевме и во сопствениот двор – Тошковски за сработеното во досегашниот мандат

Од целосно нефункционален систем и изгубена доверба во полицијата, до бројки што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од целосно нефункционален систем и изгубена доверба во полицијата, до бројки што покажуваат дека правдата и сигурноста им се враќаат на граѓаните – Во отчетот по повод една година Влада, од Министерството за внатрешни работи посочија дека ја завршиле првата година со темелни реформи. Министерот Тошковски презентирајќи го отчетот акцентот го стави на 14-те разбиени организирани криминални групи, откриените 860 кривични дела поврзани со дрога – запленетите 430 килограми наркотични супстанции – спречените обиди за нелегален влез во земјава и поднесените 125 кривични пријави за корупција. Во време кога правдата е потребна повеќе од кога било, овие резултати говорат за сериозна промена во односот кон криминалот и корупцијата, посочи Тошковски.

„Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција. Разбивме 14 организирани криминални групи, во нив имаше над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерираме никакви насилство“, изјави Панче Тошковски.

17-те милијарди денари е проценетата штета од коруптивните шеми во здравството, енергетиката, безбедносниот и даночниот систем. Овие системски пропусти и злоупотреби произлегуваат од долгогодишно занемарување и недоволна контрола, што им овозможи на криминалните структури да делуваат без последици, посочи Тошковски. Министерството поднесе пријави против 107 физички и 18 правни лица, порачувајќи дека периодот на недопирливост заврши. Тошковски се осврна и на трагедијата во Кочани, каде во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 млади луѓе, а над 200 беа повредени. За првпат, МВР спроведе обемна истрага – со пријави против десетици одговорни лица, вклучително и поранешни и актуелни функционери.

Реклама

„МВР отпочна најголема истрага досега која резултираше со поднесување на повеќе кривични пријави против десетици сторители – меѓу кои што има поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски потсети на хаосот со пасошите, за кој рече дека веќе е минато, набавена е нова машина за издавање документи па сега тие  се издаваат на време и со ред. Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни операции дигитални алатки за форензика и сервис за „One stop shop“. Унапредено е нивото за безбедност на личните податоци во МВР.  Со вложувања во нова опрема, реконструкција на објекти, отворени управни служби и засилен граничен надзор, од МВР велат дека ова е само првиот чекор кон долгорочна стабилност и поставување на здрав систем во државата.