Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Шест килограми амфетамин запленети кај шест луѓе во Скопје и Куманово

Полицијата подолго време ги следела и прислушкувала наркодилерите на афметамин во Скопје…

Сподели:

Полицијата подолго време ги следела и прислушкувала наркодилерите на афметамин во Скопје и Куманово. По неколку месеци, МВР им влезе во трага и целосно ги откри скопските и кумановските наркодилери. Министерството за внатрешни работи и понатаму продолжува со борбата против трговијата со дрога. Во полициската акција и од претресите кај нарко дилерите во Скопје и Куманово, запленети се 6 килограми амфетамин што требало да завршат во малопродажба на нарко пазарот. Задржани се шест луѓе поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Министерот Панче Тошковски уверува дека полицијата и понатаму ќе продолжи со борбата против криминалните банди коишто се занимаваат со продавање на дрога.

Од Јавното обвинителство информираат дека за осомичените е побаран краткораен притвор од 48 часа за да се завршат првичните вештачења и обезбедат доволно докази.

Реклама

Согласно обезбедените докази, постои сомнение дека тие заедно со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што претходно неовластено набавувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетамин, информира Јавно обвинителство.

Пред неколку месеци во координирана акција на МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал падна и Раде Трајковски – Штекли наркобосот кој е добро познато име на скопското подземје. Притвор добија уште деветмина, од кои двајца се во бегство.

Во акцијата, полицијата изврши претреси во Скопје и Гевгелија. Притоа, беа запленети околу 10.000 евра, четири возила, десетина мобилни телефони, пиштол, наркотична материја и опрема за производство и пакување на дрога.

Осомничените од бандата на Штекли се товарат за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

Раде Трајковски – Штекли бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, наводно додека се подготвувал за бегство. Тој е познат член на скопското подземје, а во минатото преживеа три обиди за атентат.

Големата полициска акција се одвише на повеќе локации во скопската населба Аеродром. Се вршеа претреси на повеќе локаци. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Тој на јавноста ѝ е познат по пресметките со нарко картелите.