Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Активирана фаза три – Владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека, по најавите за пеколни температури, денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство информира дека, по најавите за пеколни температури, денеска се активира „Фаза три“ за заштита од топлотниот бран, која ќе трае до 8 јули.

Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на бремени жени и луѓе постари од 60 години, што не се однесува на вработените во здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.

Препорака има и за одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина. Се препорачува и работа од далечина, флексибилно или двократно работно време – таму каде што е изводливо.

Реклама

Македонија е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури до 41 степен.