Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Привремено згрижување за учениците од „Иднина“ – Преселба во „СВ. Наум Охридски“

Повеќе од 200-те ученици од основното училиште „Иднина“, од кои многумина со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 200-те ученици од основното училиште „Иднина“, од кои многумина со посебни образовни потреби од септември ќе учат во средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Капиштец. Сегашното училиште во Чаир е во катастрофална состојба па на истата локација ќе се гради нова современа зграда. Од министерството за образование велат дека со овој проект ќе се реши еден од бројните наследени проблеми во образованиот процес.

„Животите на децата се во опасност, ние моравме да бараме решение да ги сместиме на безбедност за да не ни се случи не дај боже некаква трагедија“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

За летово е планирана адаптација на просториите во училиштето во Капиштец кои ќе бидат прилагодени за индивидуална работа, рехабилитација и специјална поддршка за настава на основците со посебни образовни потреби од „Иднина“.

Реклама

„ Објектот е од 1963 година веќе подолго време се соочуваме со проблеми, во однос на кровната конструкција, азбесни плочи, електричната енергија е“, изјави директорката на ОУ „Иднина“ Лорета Андреевска.

„И тие деца имаат потреба, бидејќи како што знам оштетен е кровот и немаат соодветни услови“, изјави директорот на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Капиштец Јордан Стојановски.

Договорот за финансиска поддршка за проектот денеска го потпишаа министерката и претседателот на македонско турската стопанска комора МАТТО, во присуство на директорите на двете училишта.

„Благодариме на Министерството што ни овозможи ние бизнисмените односно македонс турската комора и членките на МАТО да учествуваме и донираме во овој проект што е значаен за нашата држава и нашите деца“, изјави претседателот на македонско турска комора Ајдован Адемовски.

Во училиштето „Иднина“ учат 70-ина редовни ученици и 135 кои на настава доаѓаат на рехабилитација од основни училишта од скопскиот и североисточниот регион на државава.