Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Попов: Ребалансот е доказ дека Владата е сериозна во намерите и ветувањата кои ги дава пред младите луѓе

Сергеј Попов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа на Комисијата за финансирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сергеј Попов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието истакна дека со зголемувањето на Буџетот за образование, јасно се гледа дека Владата се грижи за младите во земјава.

– Овој ребаланс е уште еден доказ дека оваа Влада е сериозна во своите намери, во своите ветувања кои ги дава пред младите луѓе. Како млад пратеник, мојата најголема одговорност и мотивација е да се борам за подобра иднина за мојата генерација и за сите што доаѓаат по нас, вели Попов.

Попов истакна дека зголемувањето на буџетот за образование е јасен показател дека државата вложува во иднината на младите. Според него, со оваа инвестиција се овозможуваат подобри услови за учење, повеќе стипендии и модерни образовни институции, што претставува силен поттик за личен и општествен развој во Македонија.

Реклама

– Буџетот за образование не е само бројка на хартија, тоа е директна инвестиција во нашите соништа, во нашите можности и во нашата желба да останеме, да се развиваме и да успееме овде, дома во нашата Македонија. Вкупниот буџет за образованието е 46.443 милиони денари што претставува зголемување од 1,294 милиони денари односно +3%. Зголемениот буџет е порака дека државата ја препознава важноста на младите. Ова зголемување значи повеќе стипендии, подобри училишта, модерни универзитети и повеќе можности за сите нас. Секоја инвестиција во образованието е инвестиција во нашата иднина и во нашата способност да бидеме конкурентни и креативни, рече Попов.

Попов посочи дека со повеќе средства за универзитетите се очекуваат подобри услови за студирање, практична настава, дигитализација и финансиска автономија.

– Во високото образование има зголемување од 3,179 на 3,456 милиони денари. Со ова зголемување ќе добиеме поквалитетни студии бидејќи со повеќе пари за универзитетите, очекуваме подобри услови за учење, повеќе практична настава, нови лаборатории и современи програми, и секако најважното дигитализација. Ова зголемување ќе значи и поголема финансиска автономија за универзитетите бидејќи ќе имаат повеќе слобода да одговорат на потребите на студентите и да воведуваат иновации. Во инвестициската програма „Инвестиции во образованието“ се предвидени вкупно 1,204 милиони денари што претставува зголемување од 12,8%, односно зголемување од 137 милиони денари, кажа Попов.

Попов нагласи дека главниот фокус на програмата е подобрување на условите во ученичките и студентските домови, што ќе придонесе за поголема безбедност и удобност.

– Главен акцент во оваа програма ќе биде ставен на подобрување на условите во ученичките и студентските домови. Со реконструкција на ученичките домови ќе се создадат подобри услови за средношколците што доаѓаат од другите градови, а тоа значи поголема безбедност и поудобни услови, заклучи Попов.