Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ангелов: Најверојатно ќе имаме многу тешко лето, со многу пожари за гаснење

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините Прилеп, Валандово, Богданци, Старо Нагоричане, Македонски Брод и други локации, изјави на прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС).

Во првите три денови од овој месец регистрирани се 43 пожари на отворен простор, нагласи Ангелов.
-Упатувам апел до поголемиот број македонски граѓани кои што имаат свои викендици или стари куќи во делумно или целосно напуштени села, да се погрижат за нивните дворови. Во валандовско постоеше опасност да изгорат неколку куќи во кои сеуште живеат возрасни луѓе кои го запуштиле дворот и им изникнала трева повисока од еден метар со што пожарот можеше да дојде до нивниот праг и куќите да ги запали. Апелирам граѓаните да ја искосат тревата и на тој начин ќе ни помогнат во гаснењето на пожарите бидејќи со вакво темпо и според прогнозите најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење и нашиот фокус наместо кон гаснење на пожарите ќе треба да биде кон одбрана на населените места, истакна Ангелов.

Од ДЗС информираа дека дирекцијата во овој момент има еден функционален Ер-трактор, вториот Ер-трактор со завршување на сервисирањето треба да пристигне следната недела, а за третиот Ер-трактор неможе да се даде точна информација.

Реклама

-Сакам да ја известам јавноста дека благодарение на премиерот и Владата, платата на вработените  во авио-одделението во ДЗС е двојно зголемена и тоа ќе биде мотивирачки фактор вработените да останат да работат во ДЗС. Воедно ги повикувам на разговор пилотите што имаат професионална дозвола за летање, а не се ангажирани, да дојдат на дообука и да се стекнат со дозвола за Ер-трактор, посочи Ангелов.

На прес-конференција во ДЗС, директорот Ангелов информира за надлежностите на Дирекцијата и работата на внатрешната инспекција и инспектори чиј вкупен број е 15, а потребно е да бидат 35, проблем кој во наредниот период ќе се решава.

-Ги повикувам сите граѓани и посебно земјоделците да не палат огнови на отворено, да не се палат стрништа, да не се пали сувата трева, да не се палат пасиштата, да не се палат грмушки. Да се почитуваат правилата за движење низ шуми бидејќи движењето не е забрането, само е потребна најава и дозвола за движење низ шумите, појасни Ангелов.

Од ДЗС потврдија дека во случај на кризна состојба ќе бидат употребени и специјални возила транспортери за гаснење на пожари кои ќе бидат препознатливи и со црвена боја.