Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Тројца убиени, 16 ранети во масакар во Чикаго

Најмалку тројца загинаа, а 16 лица се повредени во масовна престрелка што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку тројца загинаа, а 16 лица се повредени во масовна престрелка што се случила доцна во ноќта во Чикаго, САД, за време на забава за промоција на албум на раперот Мел Бакз. Трагичниот инцидент се случил во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго, во областа Ривер Норт, каде што се одржувала приватна забава.

Како што јавува „CBS“, повикувајќи се на локалните власти, вкупно 19 лица биле застрелани, од кои тројца починале на самото место или во болница. Според извештаите, жртвите се застрелани додека се наоѓале во автомобили во движење, што укажува на добро планирана и насочена акција.
Портпаролот на полицијата во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни детали ќе бидат објавени во наредниот период, но засега не е прецизирано дали напаѓачите се идентификувани или уапсени.

Во изјава за Ројтерс, Гарсија додаде дека истрагата е во тек и се проверуваат безбедносните камери и изјавите на сведоци.