Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ЗА ШЕСТ ЧАСА: 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово

Во периодот од 16.00 до 22.00 часот вчера Секторот за сообраќајни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 16.00 до 22.00 часот вчера Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 169 возачи од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи за управување возило со несоодветна категорија.

Изречени се девет мерки за возачи кои управуваат моторно возило како возач почетник, односно со сила на мотор на возилото поголема од дозволената, 73 санкции за возачи на мотоцикл поради не користење на заштитна кацига, пет мерки за затемнети стакла без извршен А-тест, осум санкции за вршење јавен превоз на патници без лекарско уверение, одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Реклама

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.