Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Трамп вели дека Израел прифатил 60-дневно примирје со Газа, детали нема

Доналд Трамп објави дека Израел ги прифатил „неопходните услови“ од 60-дневно примирје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп објави дека Израел ги прифатил „неопходните услови“ од 60-дневно примирје во Газа, без да ги открие деталите.

„За време на предложениот договор, ќе работиме со сите страни да се стави крај на војната. Катар и Египет, кои напорно работеа за да се постигне мир, ќе го испорачаат финалниот предлог. Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој договор, зашто нема да станува подобро, само ќе биде полошо“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, кажа дека Израел е апсолутно спремен за примирје, но не знае дали Хамас ќе ги прифати условите од предложениот договор.
Трамп оваа недела ќе се сретне со Бенјамин Нетанјаху и најави дека ќе биде многу цврст со него.

Реклама

„Навистина верувам дека Нетанјаху сака да завршат непријателствата во Газа. Мислам дека ќе имаме договор оваа недела“, рече Трамп.

Околу 50 израелски заложници и натаму се во Газа, но се верува дека само дваесетина се живи. Израел претходно кажа дека конфликтот може да заврши само ако Хамас целосно се растури. Хамас, пак, долго време бара постојано примирје и целосно повлекување на Израел од Газа.