Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Кривична одоворност за судиите и обвинителите да стане уставна категорија-Експерти со порака до власта

Судиите и обвинителите да сносат кривична одговорност доколку се утврди дека носеле…

Сподели:

Судиите и обвинителите да сносат кривична одговорност доколку се утврди дека носеле незаконити одлуки, по теркот на европското, пред се германското право, а не да одлучуваат слободоумно и за нивната одлука да не одговараат пред никого. Нека се отвори Уставот и промени оваа уставна категорија за да видиме резултати во борбата против корупцијата. Ова е пораката на Зоран Петковиќ Бакли, автор на практикумот за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата.  Според Петковиќ, залудни ни се измени на Законот за Судски совет и јавно обвинителство, ако и понатаму функционерите останат како заштитени мечки и одлучуваат  под силно политичко влијание.

Анкетите во Македнија покажуваат дека повеќе не е најголем пробем сиромаштијата и невработеноста, туку корупцијата којашто царува во сите општествени пори. Поранешната претседателка на Антикорупциска Билјана Ивановска се осврна на измените на Кривичниот законик донесени на крајот на мандатот на претходната власт, со коишто застареа голем број на корупциски скандали поврзани со поранешни функционери. Според Ивановска, се додека се носат измени на закони коишт се скроени од политиката, Макеоднија енма да се избори со закоравената корупција.

Измените на Кривичниот законик од септември 2023 што ги застареа предметите од висок профил на корупција, беа критикувани и од Европската комисија во Извештајот за Македонија за таа година. Претставниците на меѓународната заедница години наназад упатуваат критики за работата на правосудните органи и алармираат за голема застапеност на корупција во целото општество.