Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Бројките за семејното насилство се загрижувачки, Тошковски вели потребно е темелно решение

Бројките за семејното насилство во државава се загрижувачки и потребно е темелно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројките за семејното насилство во државава се загрижувачки и потребно е темелно решение со цел намалување на бројот на жртвите, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Факт е дека семејното насилство постои и е секојдневен криминалитет кој ни се случува во Македонија а свесни сме дека огромен број од евидентираните настани во прва фаза, во втора не се процесуираат, бидејќи жртвите се повлекуваат најчесто од прогон. Лично сметам дека и тоа како треба да се фокусираме на промени во овој дел, да ги процесуираме на поинаков начин овие постапки затоа што навистна загрижувачки е фактот од аспкет на бројката на криминалитет поврзнаи со семејсното насилство мораме да го решиме темелно, посочи минситерот по средбата со литванскиот колега во Скопје.

Додаде дека семејното насилство не може да се искорени, но дека може да се најде начин како бројот на жртви да се намали.

Реклама

Министерот исто така, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека е задоволен од работатата и резултатите кои ги дал Одделот за внатрешна контрола во изминатата година.

Тошковски рече деке согласно ресурсите со кои располага Одделот има простор и за унапредување, односно професионализација.

-Резултатите од Одделот за внатрешна контрола не се споредуваат со оние од пред нашето доаѓање на власт. Бројките и тоа како се зголемени, но од аспект на зголемени контроли, пријави, известувања до јавно обвинителство. Генерално гледано Одделот за внатрешна конторола ја развива разликата на како треба во споредба со претходно како не требало. Исклучително сум задоволен како Оделот за внатрешна контрола ја работи својата работа изминатава година дена. Согласно ресурсите со кои располага и тоа како има простор за унапредување на професионалиацијата во рамки на работењето во Одделот на внатрешна контрола, изјави Тошковски.

Додаде дека со измените на новиот Закон за внатрешни работи и новиот Закон за полиција се овозможувало и мултилитерална сораборка со останатите полициски служби како од Балканот, така и од Европа со што се зголемувал професионалзимот во работењето во рамки на идните контроли и дејствија.

Посочи дека во иднина Министерството ќе биде фокусирано и посветено на професионализација во рамки на работењето на Одделот за внатрешна контрола.