Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Коцев: СДСМ за кандидат за градоначалник во Штип имаат човек на Заеви, нивен потрчко, од истата бизнис шема

СДСМ за кандидат за градоначалник во Штип имаат човек на Заеви, нивен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ за кандидат за градоначалник во Штип имаат човек на Заеви, нивен потрчко, од истата бизнис шема, рече на денешната прес-конференција Иван Коцев од ВМРО-ДПМНЕ.

Понижувачки за Штипјани, е кадидат за градоначалник на Општина Штип од редовите на СДСМ да биде Павел Иванов, директен предлог на лобито на Струмичкиот клан Заеви, преку нивниот бизнис партнер и продолжената рака – претседателот на СДСМ Венко Филипче. Имено, во времето кога се распродаваше и грабаше Македонија под водство на Заев, Павел Иванов со амин на Заев беше поставен за раководител на подрачната единица на МЗШВ во Штип, а неговата сопруга со амин на Заев за Директор на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Штип, за подоцна во 2021 година неговата сопруга да биде избрана за цоветник во Општина Штип, а братот на сопругата Иле Илиев, како носител на листата на СДСМ и коалицијата избран советник во Општината Ново Село и сето тоа повторно со амин на Заев. Како раководител Павел Иванов, си поднесе оставка по промената на власта во 2024 година, но не “заборави” да додели на користење 20.000м2 државно земјоделско земјиште посадено со лешници на користење на 70 години, на својата сопруга, актуелен советник во Општина Штип и 4700 м2 атрактивно земјиште во Суитлак на користење на 70 години на име на својот татко Ангел Иванов. Инсталациите од кланот Заеви, за нивни политички претставници во Штип продолжува и ден денес, откако пред неколку месеци Павел Иванов беше поставен за претседател на општинската организација на СДСМ, сега е актуелен кандидат за градоначалник. Останува да видиме дали по теркот од пред неколку години на понижување на народот и граѓаните, потесното семејство на Павел повторно ќе има привилегија за носечки политички функции во СДСМ, истакна Коцев.

Доста е со понижувањето на Штип и Штипјани, времето помина, граѓаните на Штип за жал го почувствуваа и нормално го казнија, време е да продолжиме со развојот на Штип, а времето на понижување да остане само лош спомен од минатото, но да не се заборави, додава Коцев.