Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Македонија ќе стане регионален центар за добро владеење

Од финансиско крварење и заробени институции, до обнова на довербата и воспоставување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од финансиско крварење и заробени институции, до обнова на довербата и воспоставување нови механизми за отчетна власт – вака министерот за добро владеење Арбен Фетаи, ja оцени првaта година од мандатот на владата. Фетаи вети финансиски истраги по кои ќе се конфискува незаконски стекантиот имот и ќе се спречи злоупотребата со државен имот.

„Оваа прва година беше тешка, но беше година на надеж. Зашто не почнавме од нула, туку од минус. Наследивме разурнат и корумпиран систем, но на тие урнатини градиме нова, чесна држава. Под претходното владеење не се памети случај каде моќници биле правосилно осудени за претходното владеење. Трендот на конфискација наместо да расте континуирано опаѓаше се до нула. Тоа ќе се промени Ја усвоивме Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот 2025-2028. Основавме национален совет кој ќе го водам јас. Имотот на криминалот ќе оди во буџетот на државата за граѓаните за социјален развој, а не во џебовите на корумпираните“, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.

Над 70% од буџетот бил веќе потрошен пред нивното доаѓање. Институциите биле претворени во алатки на злоупотреба. Планови останати мртви букви на хартија, правосудството – заробено. Но, токму од таму, почнало градењето на новиот модел на владеење. Формирано е меѓуресорско тело за борба против корупцијата, првпат со глас и за граѓанскиот сектор. Повторно е активиран Советот за соработка со граѓанското општество, замрзнат од 2022 година. Донесен е Годишниот план за добро владеење за 2025 година, достапен јавно на веб-страницата на Владата.

Реклама

„Овие постигнувања се само почеток. Пред нас има уште многу работа, но веќе имаме јасен правец“, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.

Македонија во ноември и декември ќе биде домаќин на две клучни регионални конференции – за безбедност и за борба против корупцијата. Целта, рече Фетаи е Македонија да стане регионален центар за добро владеење.