Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе продолжат со разговорите со Иран следната недела, откако тие беа стопирани по почетокот на израелските напади. Притоа, Трамп рече дека ќе побара од Иран да се обврзе дека ќе стави крај на своите нуклеарни амбиции.
Трамп тврди дека американските напади ја уништиле иранската нуклеарна програма, опишувајќи го ваквиот исход како победа за сите. Тој доби поддршка од директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој кажа дека американските напади сериозно ги оштетиле иранските нуклеарни постројки и ги уназадиле за неколку години, но одби да потврди дека иранската нуклеарна програма е целосно елиминирана.
Директорот на ЦИА се огласи откако претходно во јавноста протече разузнавачки извештај на Пентагон, кој вели дека американските бомби не ја уништиле иранската нуклеарна програма, туку, во најдобар случај, ја уназадиле за неколку месеци.

Израел и Иран го почитуваат примирјето што беше прогласено пред два дена, ставајќи крај на 12-дневната војна.
