Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Замрзнат е статусот на полицајците во истрагата за „Пулс“

Во мирување е работниот однос на полициските службеници инволвирани во истрагата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мирување е работниот однос на полициските службеници инволвирани во истрагата за трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврдува дека нивниот статус  е замрзнат сè додека трае постапката и оти тие се иземени од тековните работни обврски во МВР.

Јавното обвинителство е оној орган кој е надлежен да постапува во овој дел од истрагата. Истрагата во оној дел за полициските службеници кој што се спроведува од ЈО за гонење на организиран криминал се уште не е завршена, така да тој е тој кој одлучува за судските статуси на полициските службеници во рамки на нивното функциорнирање во МВР, нивниот статус е замрнзат односно они во рамки на овој временски период ќе бидат оддалечени во тековното функционирање на министерството“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски истакна дека институциите се должни да одговорат на прашањата на јавноста и на семејствата на загинатите, посочувајќи дека МВР делува неселективно, професионално и без калкулации.

Реклама

„Сметам дека тоа што требаше да биде сторено од МВР е сторено во целиот овој временски период: Покажавме на јавноста и граѓаните дека може и поинаку да се работи, неселективно, имаме нормален пристап и покрај сите обвинувања од опозицијата и без оглед на име презиме МВР знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи оној за кој што има докази има основни сомнение да не процесуира постапка. Тоа го покажуваме на дело во рамки на мандатот и ќе продолжиме така, за разлика од претходно, а народот го гледа тоа. А да родителите имаат право да постапуваат прашања, а државата е должна да дава одговори“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи во април годинава и однесе 62 животи, меѓу кои и малолетни лица, а над 200 беа повредени. Во тек е истрага која треба да расчисти со одговорноста на сите директно и индиректно инволвирани. Обвинети се 34 лица, меѓу кои сегашни и поранешни градоначалници, поранешни министри и полицајци.