Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Прилози

Николоски во Франција: Разговори за соработка во железницата, авиосообраќајот и автопатиштата

Македонија има уникатна позиција и мора да ги развива коридорите 8 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има уникатна позиција и мора да ги развива коридорите 8 и 10Д. Земјава со помош на Франција ќе продолжи да се развива инфраструктурно. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Франција, Филип Табаро. Порача дека во иднина ќе се продлабочува соработката во делот на желзницата, авиосообраќајот и автопатиштата.

-Во делот на Железницата ги презентирав нашите планови за развој на двата коридори 10 и 8. Македонија има уникатна позиција каде двата коридори се пресекуваат источно од Скопје и двата треба да ги развиваме. Во однос на коридор 8 кој е од стратешко значење за НАТО, зборувавме што можеме да направиме за да се доврши источниот дел од пругата но исто така да се развие и западниот дел од пругата, секако да се поврземе и со Италија, Албанија и Бугарија и да ги поврземе Јонското и Јадранското море со Црното море, изјави Николоски.

Табаро изрази задоволство од средбата со Николоски, порачувајќи дека имале важен состанок за односите меѓу двете земји во областа на транспортот. Вели двете држави веќе имаат одлична соработка во воздушниот сообраќај.

Реклама

-Веќе постои соработка од областа на воздушниот сообраќај со компанијата која управува со аеродромите во вашата земја и соработката е одлична. Соработката е добра и од областа на цивилното воздухопловство и истата постојано се унапредува. Целта на денешната средба е да се соработува и на други проекти пред се од областа на железничкиот сообраќај, затоа што постојат француски компании кои се развиени и напреднати, изјави Табаро.

Николоски кажа и дека имал средба со 11 најголеми француски компании, кои се добредојдени да инвестираат во Македонија.

Матеја Петровски