Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Свет

Примирјето меѓу Израел и Иран е на стаклени нозе

Примирјето помеѓу Израел и Иран е на стаклени нозе. Само што беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Примирјето помеѓу Израел и Иран е на стаклени нозе. Само што беше постигнат договор меѓу девете завоени земји, на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп, истото беше прекршено денеска. Израел обвинува дека Иран лансирал најмалку една балистичка ракета. Од Амбасадата на Израел во Обединетото кралство објавија фотографија на која наводно се гледаат остатоците од ракетата, за која тврдат дека била испукана во северен Израел.

 „Ова е ракета испукана кон северот на Израел – не за време на војната, туку за време на таканареченото примирје. Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот. “, стои во објавата на официјалниот профил на платформата „Икс“.

Тел Авив се закани дека ќе одговори енергично со интензивни напади во срцето на Техеран.

„Нагласувам, во оваа фаза нема промена во упатствата на Командата на домашниот фронт. Важно е да се продолжи со следење на упатствата, бидејќи сè уште постои ризик. Целата Израелска одбрана, командите и ограноците, ќе продолжи да одржува високо ниво на подготвеност и будност“, изјави Бригаден генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската одбрана.

Од Иран демант. Генералштабот на вооружените сили на Иран негираше дека истрелале какви било ракети кон Израел неколку часа по прекинот на огнот.

Реклама

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес упати директно предупредување до Израел, велејќи дека не смее да извршува воздушни напади врз Иран, бидејќи тоа би било „сериозно кршење“ на договореното примирје.

„Tие не знаат што по ѓаволите прават. Мораме да го смириме Израел затоа што утрово отидоа на мисија. Морам да ги смирам“, рече Трамп.

Американскиот претседател вчера прв објави крај на 12 дневната војна, Техеран и Тел Авив потврдија дека се согласни за крај на нападите. Меѓународната заедница вчера го поздрави прекинот на огнот, но предупреди на опасна ескалација доколку не запрат непријателствата. Според ирански извори, повеќе од 400 луѓе се убиени откако започнаа израелските напади на 13 јуни, вклучувајќи 13 деца, додека повеќе од 3.000 се повредени. Од друга страна, израелските медиуми јавуваат дека најмалку 24 израелски граѓани загинале како резултат на иранските напади, а стотици се повредени.