Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Обвинителството го објави извештајот на Јавното обвинителство за 2024

Двапати повеќе е зголемен бројот на убиства и сообракајки во Македонија, обвинителите…

Сподели:

Двапати повеќе е зголемен бројот на убиства и сообракајки во Македонија, обвинителите се пофалија дека двојно повеќе работеле од лани. Во делот на сообраќајните незгоди, тие примиле дури 40 % повеќе пријави од минатата година, но исто така информираат дека голем процент од нив резултирале со обвинение. Двојно се зголемил и бројот на убиства од најтежок облик.

Во извештајната година е забележано зголемување и на бројот на кривични дела против животот и телото, каде влегуваат убиства, тешки телесни и телесни повреди, учество во тепачки, загрозување со опасно орудие при тепачка и караница и други. Особено забележителен раст има во бројот на убиства квалификувани во потежок облик, каде бројот на пријави е речиси удвоен во однос на претходната 2023 година, стои во Извештајот на Јавното обвинителство за 2024.

Јавното обвнителство лани, помалку прислушкувало и следело осомничени. Во извештајот стои дека примената на посебните истражни мерки за одредени случаи бележи значителен тренд на намалување во однос на 2023 . Односно има само 35 случаи во однос на ланските 87.

Реклама

Во однос на мерката притвор според извештајот се заклучува дека е побарана само за 3,1% од сторителите. Во 2023 година притвор се барало за поголем процент, односно 3,6%.

Исто така, во 2024 година обвинителите поднеле обвиненија против 10.034 луѓе, што е за 698 лица повеќе во однос на 9.336 во 2023 година.

Обвинителство се жали за проблемот со недостатокот јавни обвинители и службеници. Потенцираат дека од година во година се продлабочува овој проблем. Советот на јавни обвинители за 2024 година донел одлука дека предвидениот број на јавни обвинители е 261. Но се пополниле само 60 % од местата, а 4 градови останале без ниту еден обвинител.

Од нив пополнети биле вкупно 169 места, односно само 64,7% од предвидениот број. Дури 4 јавни обвинителства во државата во 2024 година останаа без ниту еден јавен обвинител. Тоа е во Ресен, Делчево, Берово и Крива Паланка, стои во Извештајот на Јавното обвинителство за 2024.

Извештајот е веќе доставен до Собранието, Советот на јавни обвинители, Владата, Врховниот суд како и до Министерството за правда. По негово разгледување, треба да се гласа за истиот на плаенана седница во Законодавниот дом.

https://youtu.be/edOYgtxMflg