Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

МНР: Граѓаните кои се наоѓаат во Катар и ОАЕ да ги следат националните портали за итни случаи

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.

Воедно, уште еднаш апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.

Реклама

Во продолжение ги наведуваме контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби на Министерството:

Амбасада на Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: [email protected]

Амбасада на Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Е-пошта: [email protected]

Амбасада на Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Е-пошта: [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: [email protected]