Предлог-законот на СДСМ за помош на настраданите во катастрофалниот пожар во Кочани заглави во партиска расправија на собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Опозициските пратеници побараа оваа точка да биде прва на дневниот ред, но претседавачката од ВМРО-ДПМНЕ не го дозволи тоа. Пратеникот Оливер Спасовски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со, како што ги нарече, „акробации“ во Собранието, го блокира носењето на законот:
„ВМРО-ДПМНЕ не сака да се помогне на граѓаните во Кочани. Наместо конструктивност, гледаме опструкции и блокади“, рече Спасовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, засега нема реакција. Законот предвидува еднократна парична помош за семејствата погодени од пожарот, како и средства за обнова на опожарените објекти.
