Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Пожарот во Кочани – аларм за реформи во противпожарната заштита

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното – само 400,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното – само 400, иако потребни се минимум 800, или по еден пожарникар на секои 1.500 жители. Освен недостигот на кадри, државата нема национален тренинг-центар за обука, а опремата е застарена  и неунифицирана. Општините не можат сами да се справуваат со пожари посебно со сложени интервенции.

„Само како пример ќе ви го спомнам случајот што ни се случуваше во неколку општини распишуваат конкурс за човек кој ќе работи во противпожарната и се пријавуваат 4 – 5 они избираат еден, другите пријавени се жалат затоа што нема основ за да го изберете тој да биде избран, затоа што нема квалификација, нема граница, нема стандард“, изјави Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС“, изјави Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС.

Во моментов Министерствата и државните институции работат на промена на постојните нормативи во вид на закони и правилници за работа со кои ќе се воведат построги и повисоки стандарди за заштита и безбедност за сите кои сакаат да работат со угостителска дејност.

Реклама

 „Изминатите неколку години сме сведоци на големи трагедии, кои се предизвикани токму од недостатокот на спроведување на стандарди, за безбедност и заштита од пожари. Овие трагедии беа резултат на законски нормативи, полни со недоречености. Недостаок на контролни механизми за спроведување на постоечките пропишани регулативи и стандарди за безбедност, лошата координираност на институциите, но и нискиот праг на стандарди за давање на дозволи за работа во дејности но и објекти“, изјави Марјан Ристевски Заменик министер за економија и труд“.

„Оваа конференција ги обединува од сите сектори инженери проектанти пожарникари државни институции и поширока јавност со една заедничка цел да се зајакне свеста на значењето и примената на стандардите што ги одржуваат луѓето и имотот безбедни“, изјави директорот на Институтот за стандардизација на Македонија“, изјави Џеват Кицара – директор на институтот за стандардизација на Македонија.

На конференцијата на Институтот за стандардизација и Техничкиот комитет, експертите посочија дека слабостите сè уште се присутни – но дека конечно има сигнал за институционален зафат.Се зборуваше и за ризиците од новите технологии – како фотоволтаиците, кои ако се неправилно инсталирани, можат да предизвикаат пожари.

„Иако фотоволтаиците генерално се безбедни недостатоци во дизајнот грешките во инсталацијата и дефектите на компонентите можат да доведат до пожари честотапи вклучувајќи електрични искри или жаришта“, изјави Горан Јовановски Заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

По години на институционално игнорирање, иницијативите за системски промени доаѓаат со задоцнување – но и со очекување. Без применети стандарди, без координација и одговорност, ризиците остануваат – а последиците ги трпат граѓаните.