Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Свет

Иран најави одговор за САД

Израелската армија нападна шест аеродроми во Иран, уништувајќи 15 авиони. Во денешните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелската армија нападна шест аеродроми во Иран, уништувајќи 15 авиони. Во денешните воздушни напади врз иранската престолнина погодени се и седиштето на паравоената организација Басиџ, познатиот затвор Евин, како и споменикот-часовник познат под името „Уништување на Израел“. Само ден претходно, израелската армија објави дека погодила складишта за ракети земја-земја во близина на градот Јазд, во централниот дел на Иран, оддалечен околу 2.200 километри од израелска територија.

„Овие напади се дел од нашите пошироки напори за деградирање на иранската програма за оружје и индустријата за производство на ракети на режимот. Вчера, борбени авиони на ИАФ, водени од Дирекцијата за разузнавање, нападнаа место за мешање и леење оружје што ѝ припаѓа на Иранската разузнавачка дирекција во областа Шахруд, длабоко во Иран“, изјави Ефи Дефрин – портпаролот на одбранбените сили на Израел.

Врховниот лидер на Иран Али Хамнеи го нарече Израел ционистички непријател кој направил сериозна грешка и тежок злостор и за тоа ќе биде казнет. Истовремено ги предупреди САД дека ќе следи одговор на американското бомбардирање на нуклеарните постројки во Иран пред два дена. Во меѓувреме нападната е и американската воена база во Сирија, во западната покраина Хасакај јави новинска агенција Мехр. Според изворите, во базата во Касрек биле распоредени и британски и француски војници, а таму се градела и голема полска болница.

Израелскиот премиер Нетанјаху рече дека Израел е многу блиску до постигнување на својата цел – елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран

Реклама

„Не се сомневам дека ова е режим кој сака да не уништи, и затоа ја почнавме оваа операција со цел да отстраниме две специфични закани за нашето постоење, нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Чекор по чекор се движиме кон остварување на тие цели. Многу, многу сме блиску до нивната реализација“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Американскиот претседател Трамп вели дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во таа земја.

„Не е политички коректно да се користи терминот промена на режимот, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Рускиот претседател Путин пак, ги критикувашe нападите врз Техеран како „неиспровоцирана агресија“ и додаде дека Москва се обидува да му помогне на иранскиот народ,

„Апсолутно неиспровоцираната агресија против Иран нема никаква основа или оправдување.“ Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ“, изјави Владимир Путин, претседателот на Русија.

Една недела по започнувањето на нападите врз Иран, Израел има постигнато многу од своите цели – водечки офицери од војската и нуклеарни научници се убиени, а ракетни бази и атомски постројки се оштетени. Но, подземниот објект за збогатување на ураниум во Фордо е надвор од дофат на израелските воздухопловни сили а нема доказ ниту дека американскиот напад му направил посериозна штета.