Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Срамно е СДСM да говори за земјоделците, тони овошје и зеленчук беа исфрлани по улиците додека беа на власт

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ „Срамно е СДСM да говори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ

„Срамно е СДСM да говори за земјоделците, тони овошје и зеленчук беа исфрлани по улиците од страна на земјоделците поради неспособноста на тогашните власти.

Сведоци бевме на секојдневни протести и маршови низ улиците на Градско, Росоман, Прилеп, Ресен поради тоа што СДСM немаше никаков план за помош за земјоделците.

Реклама

Сега, после една година од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кога земјоделците се приоритет после долги години, навистина е срамно СДСM да зборува дека не се вложува во земјоделските гранки.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува земјоделците како никогаш до сега.

Исплатени се над 340 милиони денари субвенции кон 4.144 лица, исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања за мерка 2.2 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Владата се грижи за земјоделците не со празни зборови туку факти и дела.

Во првиот квартал на 2025 во однос на првиот квартал 2024 во делот на откуп и продажба на земјоделски производи се забележува значителен раст, раст во делот на житата 42%, во делот на градинарството раст од 50%, делот на овоштарство и лозарство 12%, делот на сточарство е 13%, делот на млеко е 9% како и делот на живина и јајца е 63%.

Владата се грижи за земјоделците преку субвенции, директни плаќања и средства со програмата за рурален развој и тоа со 9 милијарди денари. 196 милиони евра се влезени кај 20 илјади семејства кои одгледуваат тутун. Преку откупот и субвенциите од државата има значителен раст во делот на извозот од 5%, односно во бројки – 163 милиони евра извоз, односно 11 милиони евра повеќе од лани.

Разликата е повеќе од јасна. Ние ја градиме Македонија на темелите на промените!“