Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Давитков негира вмешаност во двојното убиство на Вања и Панче

Зоран Давитков службеникот од Народна банка кој е осомничен дека наводно го…

Сподели:

Зоран Давитков службеникот од Народна банка кој е осомничен дека наводно го зел ранецот со пиштолот на Љупчо Палевски негира вина и вмешаност во грозоморниот случај за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, дознава Алфа од судски извори. Тој пред судија на претходна постапка тврдел дека не се вистинити обвинувањата од страна на осомничениот Велибор Манев кој сведочеше за телефонскиот повик и наредбата од Палчо. Зоран Давитков и неговиот син, четири години биле членови на партијата на „Десна“.

Истражители на МВР и Обвинителство пред три дена влегле кај осомничениот дома и во канцеларијата во Народна Банка. Претресувале и барале докази дали Давитков од седиштето на партијата Десна го зел синиот ранец и се ослободил од пиштолот и моторолите.

Зоран Давитков остана без пасош и редовно треба да се јавува кај надлежен во Кривичниот суд, додека обвинителството истражува дали има вистина во зборовите на Манев.

Реклама

Истрага против него беше отворена откако во судница второобвинетиот Велибор Манев сведочеше дека Палевски му се јавил и му рекол да му се јави на Зоран, за „пакетот“ што го зел од канцеларијата за да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, за да не може  никој да го најде.

Интересно е тоа што Манев ова не го кажува за првпат, а дури по еден месец откако го повтори истото, Обвинителството реагираше. На 16 мај, во судница, го кажа истото, но не спомена име. Тогаш новинарите прашуваа, а една од обвинителките беше зачудена од каде им се тие информации, заборавајќи дека токму тие, будно го следеа целиот судски процес.

Лавина реакции во јавноста предизвика одлуката на Обвинителството да бара да му се одземе пасошот на Давитков, наместо тој да оди во притвор. Обвинителството за него води посебна истрага. Судскиот случај за двојното убиство од кое се згрози не само македонската јавности, туку целиот регион финишираше.На 25 јуни, во среда, Кривичниот суд ќе ја објави пресудата. Петмината осомничени се соочуваат со доживотна робија. Неизвесно е дали ќе биде осуден и таткото на Вања, за кого обвинителството тврди дека соработувал со обвинетите.