Реклама
Прилози

Една година Влада: Придвижување напред, економски раст, инфраструктурни проекти, црвени линии за заштита на македонскиот јазик и идентитет

Една година Влада, година на придвижување напред во речиси секој сегмент. Власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една година Влада, година на придвижување напред во речиси секој сегмент. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со Вреди и ЗНАМ успеа да државата да ја застане на нозе. Она што можеби е најважно за граѓаните е што конечно има позитивни чекори напред во економијата, тоа го покажуваат и бројките. Според Државниот завод за статистика во април годинава растот на прометот во индустријата е повисок за шест проценти во однос на истиот месец лани.

-Ако имаме предвид дека бевме длабок минус, ние сме дојдени до онаа состојба стабилна нула и сега треба да почнеме да креваме. Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти, она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6,6 проценти. Расте прометот со трговијата на меѓународниот пазар, значи извозот, што е многу важно за април месец, изјави Мицкоки на 14-ти јуни годинава.

Според бизнис секторот добро е што по долги години македонската економија се раздвижува во позитивен правец, бројките покажуваат дека има квалитетни процеси што ќе овозможат економски раст во периодот што следи, а со тоа и повисоки плати за работниците.

Реклама

Ова е сериозно значајно, овие бројки покажуваат дека имаме исчекор сериозен во однос на економските процеси во државата, затоа што нели раст повторно имаме од 15 проценти чинам растот на кредитите кои што се доделуваат на правите субјекти, изјави потпретседателот на ССК, Горан Ѓоргиевски на 15-ти јуни годинава.

Кон уште поголем раст на економијата сигурно ќе помогнат и големите инвестиции во патната инфраструктура. Во моментов се работи на изградба на коридорите 8 и 10Д, како и приклучување кон коридорот 11, со што Македонија ќе биде поврзана со сите регионални пристаништа. Преку стратешкото партнерство со Велика Британија во план е и изградба на брза пруга. Со овие проекти, државава преку трите паневропски коридори наместо слепо црево, ќе стане центар на патнатата инфаструктура на Балканот, а ќе се поврзе со Европа и светот.

-Во моментов работиме на пет автопати, нешто што е невидено во Македонија досега. Тоа е делот Охрид- Кичево, во моментов трае тендерска процедура за Кичево- Букојчани, се работи веќе Букојчани- Гостивар или популарната Стража, се работи Гостивар- Тетово и се работи Битола- Прилеп. Пет автопати во Македонија во исто време не се граделе, изјави Николоски.

Позитивни раздвижувања се забележуваат и во делот со борбата против криминалот и корупцијата. Во текот на минатава година МВР, отвори голем број истраги за можни кривични дела сторени во текот на минативе години. Разбиени беа нарко кланови, за што во притвор се неколку лица, меѓу кои и Раде Трајковски Штекли. Отворен беше и случајот Адитив, за сомнежи за перење пари од речиси седум милиони евра во ЕСМ, за што осомничени се 34 лица, меѓу кои поранешните директори Васко Стефанов и Васко Ковачевски, како и првиот човек на Антикорупциска Татјана Димитровска.

13 лица се осомничени и во случајот за набавка на токсичен мазут, меѓу кои и сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски и поранешниот директор на СЦ Борис Трајковски, Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ. Она што се забележува е и брзината со која темелно беше спроведена и истрагата за големата трагедија во Кочани.

-Криминалните банди немаат место во нашата држава, а нивните активности нема да бидат толерирани. Најавивме бескомпромисна борба со организираниот криминал и денес покажавме дека можеме сериозно да опстоиме на нашите намери, изјави Тошковски на 17.12.2024-та.

Сериозна промена се забележува и во надворешната политика. За разлика од понизноста и прифаќањето на сите уцени и условувања од соседите, систуацијата сега е сосем различна. Македонската Влада има јасни црвени линии со цел заштита на македонскиот јазик и идентитет. Доказ за дипломатската офанзива на власта е и извештајот кој е пред Европсиот Парламент, со кој треба да се зацементираат македонскиот јазик и идентитет, но во моментов проблем се амандманите на бугарските европратеници. Јасна е и позицијата на Владата, уставни измени се прифатливи само со одложено дејство, со цел избегнување на нови уцени од Софија.

-За жал има сили во регионот кои што сакаат да рефлектираат нестабилност и затоа кога ќе ги имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок, тоа би било многу добро да се слушне, на крајот од денот ние сите треба да седнеме да ги слушнеме аргументите, можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи кои што не сме ги знаеле, каде исчезнаа да речеме 200 илјади Македонци во западна Бугарија од 56-та до 65-та, изјави Мицкоски на 23-ти мај годинава.

Заклучно со први април оваа година зголемени се и платите во државата, односно просечната плата сега 50.200 денари. На два пати линеарно се зголемија и пензиите по 2.500 денари, односно вкупно 5.000 за секој пензионер. Според податоците на Дражвниот завод за статистика во првиот квартал од 2025-та година, 3,2 проценти е растот на бруто домашниот производ, што е за три пати повеќе споредбено со лани.

Матеја Петровски