Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Министерот за правда Игор Филков првата година од мандатот ја оценува како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање на основната функција на Министерството – да служи на правдата и на граѓаните.

Реформите вели дека ќе се случат, не поради тоа што некој од надвор така бара, туку затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, нагласувајќи дека тоа значи крај на заштитени привилегии и почеток на вистинска правна еднаквост.

„Динамиката на спроведување на реформите е интензивна, фокусирана и целосно усогласена со обврските што ги имаме преземено во рамките на Планот за раст на Западен Балкан. Свесни сме дека ова не е само технички процес, туку и стратешки момент за државата. Овие реформи значат конкретни бенефити за граѓаните – владеење на правото, поефикасна и праведна правда, и посилни институции. Имаме политичка волја и јасна цел – да го испорачаме она што е договорено и потребно. Роковите ги следиме дисциплинирано. Од 8 закони од Реформската агенда со рок до јуни 2025 година, 5 се испратени до Влада, а останатите се во финална фаза. Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството. До крајот на годината не чека уште една важна задача – носењето на новиот Кривичен законик. Тоа не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата. Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество“, потенцира Филков.

Реклама

Што се однесува на Законот за Јавно обвинителство, тој е веќе подготвен, рокот за негово носење е декември.

„Таму правиме клучен чекор. Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување. Новиот закон ќе обезбеди отчетност, засилена контрола од јавноста, како и рамнотежа меѓу хиерархијата и професионалната слобода. Не сакаме обвинителство што калкулира, туку што постапува. Воведуваме систем за редовна и објективна евалуација на обвинителите, како и јасна линија на одговорност. И во овој закон, внимателно ги вградивме речиси сите клучни забелешки од Оценската мисија. Мојата цел е едноставна: да го вратиме правосудниот систем кај граѓаните. И токму преку овие закони почнуваме со тоа – со институции што се отчетни, професионални и неподложни на влијанија,”вели Филков.

Министерот Филков во последното интервју се осврнува и на измените на Изборниот законик, барањата за екстрадиции, ресурсите во правосудството, дигитализацијата, примената на алките и др.