Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност

СДСМ уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие кандидати се директно избрани од Заев, а изгласани од Филипче и новото раководство на СДСМ кое беше трет и четврт ешалон во времето на Заев, односно деца и послушници на Заев. Оваа стратегија за изборите е правена од Заев и Филипче пред само некој месец кога говоревме дека овие двајца се во Дубаи, тогаш тие ковале план за Кочани да им биде таргет. Очигледно е дека овие кандидати се ставени колку да не е без ич, со оглед на тоа дека и оние кои беа досега градоначалници од СДСМ, не направија ништо за своите општини, освен празнење на општинските каси, нула проекти и развојот одеше во надолна линија. Нивните општини стагнираа, а граѓаните беа оставени сами со своите проблеми. Кандидатите и кадрите на СДСМ се добро познати по јавноста. Тепачи на жени, манипулатори, луѓе кои им велат на своите граѓани дека нема потреба да ги гласаат, луѓе кои се полни со скандали и криминал, едноставно луѓе без грам достоинство и срам, се наведува во соопштението на владејачката партија.

„Некогаш големата СДСМ, сега е пред распад. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на локалните избори“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.