Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука, вели министерот за правда Игор Филков, посочувајќи дека ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.

Филков нагласува дека Министерството за правда го добило мислењето од Венецијанската комисија за Предлог-законот за Судскиот совет и тие забелешки веќе се разгледани.

– Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина, вели Филков.

Реклама

Кога зборуваме за доверба во правосудството, тоа, како посочува Филков, мора да почне од институциите што го водат системот – Судскиот совет и Јавното обвинителство и затоа тргнавме од таму.

– Советот, досега замислен како гарант на независноста, премногу често беше глув за скандали и молчеше кога требаше да дејствува. Сега тоа се менува. Воведуваме строги критериуми за избор и разрешување, обврска за транспарентност, контрола на интегритетот и, најважно, механизми за лична одговорност. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука. За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака, изјави Филков.

Што се однесува до обвинителството, Филков уверува дека тоа повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување.

– Новиот закон ќе обезбеди отчетност, засилена контрола од јавноста, како и рамнотежа меѓу хиерархијата и професионалната слобода. Не сакаме обвинителство што калкулира, туку што постапува. Воведуваме систем за редовна и објективна евалуација на обвинителите, како и јасна линија на одговорност. И во овој закон, внимателно ги вградивме речиси сите клучни забелешки од Оценската мисија, изјави Филков.

До крајот на годината, Филков вели дека има уште една важна задача – носењето на новиот Кривичен законик, што не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата.

-Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество, нагласува Филков.

Динамиката на спроведување на реформите, Филков уверува дека е интензивна, фокусирана и целосно усогласена со обврските што ги имаме преземено во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, и нагласува дека има политичка волја и јасна цел – да го испорачаме она што е договорено и потребно.

Министерот за правда Игор Филков зборува и за сработеното во првата година од неговиот мандат, за измените на Изборниот законик, барањата за екстрадиции, ресурсите во правосудството и дигитализацијата…