Обиди за манипулација и политичко профитирање на сметка на човечки трагедии. Наместо да покажат зрелост, да повикаат на единство и на почит кон жртвите и нивните семејства, СДСМ се однесува деструктивно – со неосновани обвинувања, шпекулации, театрални прес-конференции, драми па дури и физички пресметки во Советот на Општина Кочани.
Познавачите коментираат дека целта е јасна – заштита на одговорните во нивните редови, но и создавање сомнеж во институциите кои во моментов се борат со последиците од катастрофата.
„Сите овие прес конференции на СДСМ се во насока да се изманипулира јавноста и да се влее несигурност во институциите институции кои всушност тие ги инсталираа. сите обвинители целокупното јавно обвинителство кое е актуелно денес и избрано во нивно време“, изјави Воислав Зафировски, поранешен член на ДКСК.
Ловот во матно и обидите за формирање преки суд се уште поголема иронија ако се земе предвид дека најголем дел од проблемите со безбедноста и инспекциските пропусти, кои сега ги критикуваат, се резултат токму на кадри и функционери кои тие ги поставиле. Сега бараат одговорност од други, а кога тие беа на власт – молчеа и ги штитеа своите.
„Ова истрага која се води за настанот во Кочани е всушност најтемелната истрага која е досега водена во Македонија, со најширок опфат на сите физички и правни лица кои имаат каков и да е придонес во она што се случи. Така што сметам дека е невкусно да се собираат политички поени на нешто на што целата македонска јавност е трогната и згрозена од тоа што се случи“, изјави Воислав Зафировски, поранешен член на ДКСК.
Без докази, обвинија за „селективна истрага”, се обидоа да го дискредитираат и јавниот обвинител кој токму тие го поставија. Експертите велат дека инстутициите треба да се остават да ја завршат својата работа до крај и без притисоци, а за правните процедури треба да коментираат правници не партиски протпароли.
Досега се обвинети вкупно 34 луѓе и 3 фирми. Посебна истрага има и дваесетина полициски началници и служеници од Кочани и Штип. Дел од предметот се поранешни градоначалници, поранешни и сегашни министри, поранешни и сегашни инспектори, поранешни и сегашни началници, поранешни и сегашни полициски службеници.

