Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Нови напади меѓу Израел и Иран

На небото над Израел одекнаа нови експлозии, а Иран за прв пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На небото над Израел одекнаа нови експлозии, а Иран за прв пат употреби двостепена балистичка ракета од типот „Саџил“, со среден дострел до 2.000 километри, директно лансирана кон израелска територија. Една од ракетите ја погоди болницата во  градот Бершева, повеќе од 40 луѓе се повредени. Израелската војска возврати со воздушен напад врз Иран. Нападнати се неколку цели во Техеран и други делови од земјата. Една од ракетите ја погодила и академијата на Револуционерната гарда. Премиерот Нетанјаху се закани дека ќе ја наплатат цената од Техеран и нареди на војската да ги интензивира нападите. Порака и од претседателот на Израел.

„Ако навистина сакате да ја видите иднината, како Евреите и муслиманите и сите религии работат заедно и се почитуваат меѓусебно, вклучувајќи ги и Палестинците од Јудеја, Самарија и Газа, дојдете тука и ќе ја разберете иднината. За иднината, треба да се бориме, да ја промениме реалноста, а тоа значи да се зададе посилен удар на главата на змијата што седи во Техеран“, изјави Исак Херцог, претседател на Израел

Медиумите во Техеран известуваат за израелски напади во близина на иранскиот нуклеарен реактор во Кондаб. Погодени биле објекти за производство на ураниумски центрифуги и компоненти за ракети. Американскиот претседател Трамп ги одобри плановите за напад врз Иран, но не даде јасен одговор дали САД ќе се приклучат кон израелските воздушни напади. Чека и одговор од иранската страна дали ќе се откаже од нуклеарната програма.

Имам идеи што да правам но не сум донел конечна одлука би сакал да ја донесам една секунда пред да биде извршена, не сакам да се мешам но веќе 20 години велам дека Иран не може да има нуклеарно оружје. Мораат да потпишат документ… беа многу блиску… претпоставувам дека тоа се уште може да се случи… Тие сакаат да дојдат и да ме видат, а тоа е голема изјава“, изјави Доналд Трамп претседател на САД.

Во меѓувреме стигна и порака од Москва и Пекинг за Трамп, дека американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација. Рускиот претседател Путин претходно понуди посредништво на Москва во конфликтот на што Трамп, му одгори да се фокусира на сопствениот конфликт со Украина.