Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Семејствата на настраданите на средба со обвинителите во Кочани

Семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се на средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се на средба со тимот на јавни обвинители, предводен од државниот Љупчо Коцевски, на која средба ќе им биде објаснето кој од обвинетите што направил и со тоа придонел да дојде до големата трагедија од поновата историја на Македонија. Исто така, ќе им биде кажано зошто за вкупно 11 осомничени во истрагата е запрена кривичната постапка.

На прес-конференцијата, обвинителот кажа дека за поголемиот дел од овие немало цврсти докази за обвинение, еден починал од повредите, а пејачот на групата ДНК е во тешка здравствена состојба.

На средбата се очекува родителите да ги постават сите прашања кои последната сабота ги изнесоа пред медиумите за време на собирот „Марш на ангелите“. Изминативе денови, дел од нив објавија дека се соочуваат со закани поради острите изјави. Средбата е на барање на семејствата, и сите заедно ќе се сретнат со обвинителите.