Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Министерот Алиу вети решавање на проблемот со хонорарците во тетовската болница

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Тетово разговараше си директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Тетово разговараше си директорот на Клиничката болница околу потребите на установата, како и за проблемот со околу 140-те лица кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време.

-Се информирав од директорот за предизвиците кои ги има, за да може што побрзо да решаваме проблеми, што се акутни, а знаете дека здравствениот систем е голем има такви акутни проблеми и ние ќе треба чекор по чекор да најдеме решенија. Исто така имавме средба со вработените тука работиме на решавање на тој проблем, чинам дека за кратко време ќе имаме решение. Работиме на трансформација и по таа трансформација ќе имаме потреба до нови вработувања, бидејќи тие се витален дел од системот не може да функционира, истакна Азир Алиу.

Претставниците на медицинскиот персонал истакнаа дека очекуваат да се исполни ветеното од министерот.

Реклама

-Разговаравме дали ќе се среди нашиот статус за вработување, министерот вети дека ќе има трансформација, во што пократок рок, до предизборниот период, да се среди статусот на сите договорци, без разлика од кој профили се, технички, медицински персонал и администрација да има трансформација на договори на решенија, нови договори не потпишавме, наводно договорите ни биле продолжени ние добивме моментално плата за април месец, чекаме сега и за мај, но не знаеме дали ќе ни стигне, изјави Лидија Коруноски, ангажирана во администрација на болницата.

Повеќе десетици лица протестираа повеќе денови во кругот на болницата на почетокот на јуни.