Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Брзата пруга ќе ја забрза економијата: Побрз транспорт, повеќе извоз и нов подем во градежништвото

Бизнисот со големи очекувања од проектот брза пруга од српската до грчката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот со големи очекувања од проектот брза пруга од српската до грчката граница. Компаниите се надеваат на побрз транспорт на стоки не само од и кон Солунското пристаниште, туку и кон централно европските држави. Карго сообраќајот долж пругата ќе се одвива со 120 километри на час, а патничкиот со 160 километри на час. Тоа значи дека побрзо ќе доаѓаат суровините и репороматеријалите во Македонија, но и полесно ќе се извезуваат готови производи во странство. Особено „тријат“ раце градежниците. Тие веќе побараа од Владата, да учествуваат со 70% во изградбата на брзата пруга. За нив е клучно  домашната оператива да биде вклучена во проектите, и да не се повторуваат грешките од минатото кога домашните компании имаа многу мал ангажман во стратешките проекти. Апелираат надлежните да бидат внимателни околу условите под кои ќе се гради и ќе се ангажираат домашните градежни фирми.

Аналитичарите очекуваат кредитот кој ќе се земе за да се изгради брзата пруга, да биде со поволни услови. Фактот што британската Експорт банка гарантира за заемот, а Британија како држава има највисок кредитен рејтинг, треба да и обезбеди на Македонија конкурентна каматна стапка, пониска од досегашните задолжувања.

Проектот кој „тежи“ 1,9 милијарди евра и треба да го забрза транспортот меѓу српската и грчката граница е круцијален за поголемо раздвижување на македонската економија. Градежништвото треба да оствари уште поголем раст од досегашниот. Овој сектор со години беше во криза, за конечно на стартот на годинава да доживее поголема експанзија. Во растот на економијата во првите три месеци годинава, градежништвото има најголемо влијание со зголемување на активностите за 7%.