Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицевски: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен џип од 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време на СДСМ и ЈО молчи и не отвора случај, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека односот на ЈО кон Филипче е зачудувачки. Зошто ЈО молчи? Дали ЈО не смее да постапува затоа што Филипче е претседател на партијата која ги избра скоро сите обвинители?

„Истото тоа ЈО отвори постапка за Пеце Мирчевски, за ист таков случај, но Мирчевски е само обичен директор од СДСМ и кај нив нормално е некој да оди жртва за Венко.

Реклама

ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој е заштитен и тоа уште повеќе ќе го казни на избори.

Ниту Филипче, ниту било кој во СДСМ не смее да го манипулира народот“, потенцира во изјавата Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.