Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Сауна на тркала – автобусите на ЈСП или ги нема или возат без клима, граѓаните револтирани

На температури над 35 степени, добар дел од скопските автобуси се претвораат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На температури над 35 степени, добар дел од скопските автобуси се претвораат во подвижни сауни. Патниците велат – не само што долго чекаат превоз, туку и кога ќе дојде автобусот е преполн и најчесто без клима. На прагот сме на летото, а во автобусите на ЈСП веќе е неподносливо. Патниците револтирани, со барање до надлежните, барем во најжешкото достоинствено да се возат во климатизирани автобуси.

„Има клими во некои автобуси, ама во некои – ич!“ – „Нема клими!“ – „Треба да има, ова ништо не функционира….“

И не е само ова проблемот. На вжештениот скопски асфалт граѓаните автобус чекаат, велат и со часови. Поставените инфо табли или не рабоат или не покажуваат точно кога автобусот ќе пристигне.

„Зависи, некогаш чекаме по 20 минути, некогаш со часови…

Реклама

Возачите велат дека дефектите на автобусите редовно ги пријавуваат ама од ЈСП никако не реагираат.

„Возачите со кои разговаравме, а кои се плашат да зборуваат пред камера, велат дека иако редовно ги пријавуваат дефектите и проблемите со климата, одговорните во ЈСП не преземаат ништо за да ги поправат“.

Еден од возачите ни покажа и документ – интерен извештај на кој се гледа дека редовно ги пријавуваат дефектите меѓу кои и на клима уредите. Но, нивните пријави, велат, остануваат само на хартија.

Датумите се редат, потписите стојат, но реакција – нема. Одговорните, велат возачите, ниту ги слушаат нив, ниту пак револтираните патници.  

Според граѓаните, проблемот не е од вчера. Со години, секое лето иста песна– пекол во автобусите, а често и доцнење на возилата. Па така патниците приморани, наместо јавен превоз, одбираат пешачење или такси, иако не секој може да си го дозволи тоа.

Граѓаните бараат одговорност. Летото е пред нас, температурите растат, а патниците не бараат луксуз – туку само функционален јавен превоз.