Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Нетанјаху: Израелската операција „Лавот се крева“, ќе трае онолку дена колку што треба за да се елиминира иранската закана

Нападите меѓу Израел и Иран продолжуваат со жестока интензивност, со десетици загинати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нападите меѓу Израел и Иран продолжуваат со жестока интензивност, со десетици загинати и голема материјална штета. Во време на жестоки судири Тел Авив издаде итно предупредување за евакуација откако рано утрово започна нов бран воздушни напади насочени кон објекти поврзани со иранската нуклеарна програма. Техеран брзо возврати – повеќе балистички ракети ја погодија израелската територија, при што животот го загубија најмалку десет цивили. Израелските спасувачки служби известуваат за над 50 повредени лица, а напади беа регистрирани и во градовите Реховот и Бат Јам, каде, покрај загубите на човечки животи, е предизвикана и значителна материјална штета на цивилни објекти. Потрагата по повредени и загинати сè уште е во тек. Иранскиот напад не беше единствен – и јеменските Хути лансираа балистички ракети кон градот Јафа во централниот дел на Израел, додека северниот регион беше погоден со ракети во близина на палестинско-израелскиот град Тамра, каде беше погодена и една станбена зграда. Иранскиот генерал Косари најави можност за затворање на Ормутскиот теснец, што би ја блокирало нафтената трговија.

Израелската војска возврати со напад на иранската воена инфраструктура, вклучувајќи нуклеарни центри и Министерството за одбрана. Премиерот Нетанјаху најави продолжување на воздушните напади кон Техеран. Безбедносните сили апелираат иранските цивили кои живеат во близина на фабриките за оружје да се евакуираат.

„Многу наскоро ќе видите, авиони на Израел, пилоти, над небото на Техеран. Ги таргетираме сите силни упоришта на режимот и она што се случува сега, нема да биде ништо во споредба со она што ги чека во иднина“, изјави премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху.

Реклама

Граѓаните на Израел се принудени да ги напуштат домовите и да одат во скривниците, додека дел од нив се обидуваат да продолжат со секојдневниот живот.

„За мене беше важно да ја отворам мојата кафетерија денес – да испратам порака. Знам дека нема да заработам пари, но пораката е оваа: ‘И покрај ракетите, хаосот и сè низ што поминуваме, сè уште има зрак светлина на крајот од тунелот’.“

„Се чувствувам многу лошо. Многу сум загрижена и под стрес. Во агонија сум, за сите мртви и за сите повредени луѓе. Многу сум тажна и сè уште сум загрижена.“

Израелската полиција апелира до јавноста да не се приближува до погодените воени објекти.

„Ја молиме јавноста да не се приближува до овие места. Тие не се безбедни во моментов. А, вие ги вознемирувате првите кои се трудат да ги спасат нашите најблиски, да ги евакуираат и медицински да им помогнат“, изјави поручник Дин Елсдун портпарол на израелската полиција.

Нуклеарните преговори меѓу Техеран и Вашингтон, кои требаше да се одржат денес, се откажани поради ескалацијата. Доналд Трамп, кој претходно притискаше за преговори, разговарал со рускиот претседател Путин и двајцата се согласиле дека треба да се стави крај на војната. Трамп претходно на социјалните мрежи порача: „Сè уште има време да се стави крај на ова“. „Иран мора да склучи договор, пред да не остане ништо од него и да го спаси она што некогаш беше познато како Иранска империја. САМО НАПРАВЕТЕ ГО ТОА, ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА, порача Трамп.