Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Македонската индустрија се крева: Од длабок минус до стабилна нула, растот треба да продолжи во иднина

Македонската индустрија конечно се стабилизира, од длабок минус дојде на нула, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската индустрија конечно се стабилизира, од длабок минус дојде на нула, а сега треба да почне да расте. За премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, задоволувачки е што состојбите се подобруваат. Според него сите бројки кои што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал годинава се извонредно високи.

-Ако имаме предвид дека бевме длабок минус, ние сме дојдени до онаа состојба стабилна нула и сега треба да почнеме да креваме. Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти, она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6,6 проценти. Расте прометот со трговијата на меѓународниот пазар, значи извозот, што е многу важно за април месец, изјави Мицкоски.

Сепак според него индикаторите покажуваат дека наредниот квартал бројките во овој сегмент мора да бидат уште подобри, што би доприлено до раст на целата економија.

Реклама

-Ова се се параметри кои што укажуваат дека во вториот квартал треба да имаме навистина можеби еден навистина извонрдено висок раст на бруто домашниот производ, изјави Мицкоски.

Во однос на цените на основните прехранбени производи, Мицкоски порача дека власта активно следи што се случува и нема да дозволи неодговорните трговци да ги манипулираат граѓаните.

-Јас апсолутно ја следам од блиску и реков дека трикови нема да толерирам. Внимателно следиме што се случува во маркетите и се разибра доколку има одредени непренципиелни однесувања или јас како што ги нарекувам трикови, ќе делуваме, инаку имаме во план да носиме мерки, изјави Мицкоски.

Според бројките Државниот завод за статистика во април годинава растот на прометот во индустријата е повисок за шест проценти во однос истиот месец лани.

Матеја Петровски