Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

Се стравува дека нема преживеани во авионската несреќа во Индија

Се стравува дека нема преживеани во авионската несреќа која се случи изутрината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се стравува дека нема преживеани во авионската несреќа која се случи изутрината во индискиот град Ахмедабад. Боингот 787 дримлајнер во кој имаше 242 патници и членови на екипажот кој требаше да лета за Лондон, експлодираше кусо по полетувањето. Спасувачките екипи се уште се на терен и трагаат меѓу остатоците. Локалните власти првенствено изразија сочуство до семејствата и потенцираа дека информации околу починатите ќе бидат достапни во текот на денот.

„Она што се случи во Ахмедабад е многу трагична несреќа. Изгубивме многу луѓе. Им изразуваме најдлабоко сочувство на сите оние кои ги загубија своите најблиски. Разбирам дека има и неколку странци, тие информации ќе ги добиете од надлежните оддели, Министерството за цивилно воздухопловство, Ер Индија и други“ вели Рандхир Џаисвал, портпарол на министерството за надворешни работи на Индија

Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 Британци, 7 Португалци и еден Канаѓанец. Поради ова Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство формирал кризни тимови во британскиот и индискиот главен град за да им помогнат на погодените во несреќата.

Реклама

„Знаеме дека британски државјани беа во авионот и можам да потврдам дека Министерство за надворешни работи на Велика Британија итно соработува со локалните власти за поддршка на британските државјани и нивните семејства и формираше кризен тим и во Делхи и во Лондон“ вели Дејвид Лами, министер за надворепни работи на Велика Британија

Според веб-страницата на Боинг, авионот што се урна беше Боинг 787 Дримлајнер, двомоторен широк трупен авион. Моделот има направено повеќе од пет милиони патувања во 14-те години од својот прв патнички лет. Оваа несреќа повторно ги става во фокус безбедносните проблеми на „Боинг“ кој со години е под лупа поради бројни технички и производствени грешки.

Давид Крстевски