Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Камбовски: Со широка дебата до долгорочно решение за Судскиот совет

Измените во законот за Судскиот совет се чекор напред за ставање ред…

Сподели:

Измените во законот за Судскиот совет се чекор напред за ставање ред во судството, но за вистински ефекти потребно е да се размислува и за уставни измени. Академската јавност смета дека сегашниот предлог за законски измени е чекор напред, но сметаат дека се потребни пообемни зафати за да се гарантира целосно независност и професионалност на судството. Академик Владо Камбовски смета дека треба да се отвори широка дебата, со цел да се зајакне положбата и функцијата на Судскиот совет.

Засега, новото законско решение кое го подготви работната група на Министерство за правда според Камбовски е чекор напред, но за да тргнеме понатака, потребно е многу работа и силна волја на сите засегнати страни.

Реклама

Денешната научно стручна расправа на која присуствуваа членовите на Судскиот совет, универзитетски професори и судии треба да донесе оценка дали измените на законот се усогласени со препораките на ЕУ. Сепак, Камбовски смета дека потребно е што побргу да се отвори дебата за тоа какви измени ни требаат во Уставот,  Инаку, измените предвидуваат построги критериуми за избор на членови и судии, како и прецизни постапки за нивни евентуални разрешувања. Поимот истакнат правник останува, но заострени се критериумите. Новите кандидатите треба да имаат 15 години раб искуство по положен правосуден испит или да се универзитетски професори со стаж од најмалклу седум години. Членовите кои се бираат во Собранието и по предлог на претседателот на државата ќе поминат јавни интервјуа. Освен овој закон, реформаската агенда вклучува и пакет закони за јавното обвинителство, судови и судскиот буџет. Една од препораките на ЕУ е да судството да има независен буџет за да спречат политичките влијанија.