Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници во државата ќе добијат нови униформи.

Веста ја соопшти министерот Панче Тошковски, кој нагласи дека институцијата конечно го адресирала долгогодишниот проблем со снабдувањето на полицијата со основна работна опрема.

– Во јавноста имаше обид да се девалвира процесот за набавка на униформи, но вистината е поинаква. Еден од доказите е фотографија на која се гледаат полицајци – еден во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му… Срамота. Затоа решивме да ставиме крај на ова – изјави Тошковски.

Реклама

Тој посочи дека досегашната, помала набавка опфатила униформи за околу 1.000 полициски службеници, но сега следува многу поголем процес. Новата набавка ќе опфати 5 до 6.000 припадници на полицијата, со што, како што рече, речиси целокупниот униформиран кадар ќе добие современа и функционална работна облека.

– Ова што полицајците го носат во моментов е катастрофа. Осум години не е набавена нова униформа. Тоа не е само слика за еден пропуст, туку за целосен игнорантски однос кон оние што секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните. Но, ние сме тука да го смениме тоа. Сѐ што можеме да направиме – ќе направиме – порача министерот.

Во својата изјава, Тошковски не го исклучи ниту политичкиот контекст на реформите, оценувајќи дека „македонскиот народ е мудар, гледа што се случува и дека ќе го каже својот збор на локалните избори“.