Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Крмзов, Вице Заев, аферата „Зобек“ – Полека, но сигурно се стега обрачот околу екс -премиерот Зоран Заев

Падна струмичкиот бизнисмен и кум на Вице Заев, Ристо Крмзов, новинари ги…

Сподели:

Падна струмичкиот бизнисмен и кум на Вице Заев, Ристо Крмзов, новинари ги открија милионските бизнис зделки на истот Вице со набавка на јаглен за време на енергетската криза, се отвори големата афера со компанијата „Зобек Мининг„, екс-директорот кој му пишуваше поезија избега во непознат правец – полека, полека се стега обрачот околу бизнис реалциите на поранешниот премиер Зоран Заев. Сите овие случаи се на некаков начин врзани за него или неговото семејство. Според новинарот Бранко Героски, со расветлувањето на сите овие афери конечно ќе се види кој владеел со Македонија и какви всушност се тие луѓе.

Како што познато Обвинителството за гонење на организиран криминал го сомничи Крмзов, кој е близок со Заев, дека е на врвот на даночната измама тешка повеќе од 90 милиони евра. Пред неколку месеци, обвинет за злоупотреби при набавки на јаглен е и екс директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски, кој пишуваше песни за тогашниот премиер. Уште една фирма блиска до Заеви е под истрага. Станува збор за фирмата Зобег Мининг. Се истражува дали преку оваа фирма чиј сопственик е близок човек на Заеви се токмеле тендери во ТИРЗ и се набавувал скап јаглен за ЕСМ. Истата фирма, е дел од истражувањето на ИРЛ во кое докажаа дека во набавката на јаглен за време на енергетската криза, со цели 9 милиони евра профитирала и бугарската фирма на Вице Заев. Героски вели дека време е поранешната власт на СДСМ да одговора за секоја злоупотреба и криминал.

Поврзаноста, пак, на „Зобек мининг„ со опозициската партија СДСМ води и до сегашниот лидер Венко Филипче. Минатата година, ИРЛ дојде до фотографија на возило „ауди„ кое за време на предизборната кампања го возеше филипче, а се водеше на име на фирмата „Зобек мининг“.Газдата на Зобек, Енис Колашинац за ИРЛ потврдил дека возилото било земено на лизинг за компанијата, но денес е во лична сопственост на Филипче.