Реклама
Прилози

Немири во Лос Анџелес

Солзавец, запалени автомобили, гумени куршуми, десетици уапсени, ескалираат протестите во Лос Анџелес.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Солзавец, запалени автомобили, гумени куршуми, десетици уапсени, ескалираат протестите во Лос Анџелес. Стотици војници на Националната гарда зазедоа позиции по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за да ги заштитат федералниот персонал и имот, по насилните протести викендов поттикнати од имиграциските рации и апсења. Во центарот на градот воведена забрана за собири.

„Она што го гледаме во Лос Анџелес е хаос предизвикан од администрацијата. Кога ги разделувате родителите и децата и кога возите оклопни каравани низ нашите улици, предизвикувате страв и паника, а распоредувањето федерализирани трупи е опасна ескалација“ вели Карен Бас, градоначалничка на Лос Анџелес

Претставници на администрацијата на Доналд Трамп ветија дека ќе ги смират демонстрациите кои се одржуваат повеќе од два дена. Шефот на Белата куќа тврди дека веќе испратените војници во Лос Анџелес ќе обезбедат мир и ред.

Реклама

„Нема да дозволиме ова да ѝ се случи на нашата земја. Нема да дозволиме нашата земја да биде растргната како што беше под Бајден и неговото автоотворување“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Протестите траат три дена , а демострантите се бесни на постапките на службите за имиграција што резултираа со десетици апсења на како што велат властите, нелегални мигранти и членови на банди.

Давид Крстевски