Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Во Шпанија се уапсени 48 трговци со дрога, запленети речиси 4 тони кокаин

Речиси 50 осомничени лица се уапсени во голема операција поддржана од Европол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 50 осомничени лица се уапсени во голема операција поддржана од Европол против најголемата криминална мрежа што работи на Канарските Острови, Шпанија.

Истрагата ја водеа шпанските власти, а во неа учествуваа агенции за спроведување на законот од Португалија, Колумбија, Обединетото Кралство и САД.

По месеци истрага, властите уапсија околу 50 членови на криминалната мрежа на 3 јуни. Мрежата шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европската Унија користејќи софистицирана поморска инфраструктура, соопшти „Европол“.

Реклама

Додадено е дека групата поседувала 11 глисери кои биле користени постојано, тргнувајќи од стратешки точки во Атлантскиот Океан до матичниот брод што го транспортирал кокаинот.
„Откако ја натовариле дрогата во глисерите, осомничените ги оставиле на Канарските Острови, подготвени за дистрибуција“, исто така, соопшти „Европол“.

Дополнително, криминалната мрежа користела сложен шифриран комуникациски систем за да ги избегне органите за спроведување на законот, вклучувајќи сателитски терминали, тешко пронаоѓачки телефони и кодиран јазик, се додава во соопштението.

Во заедничката истрага, наводно, учествувале власти од САД, Велика Британија, Шпанија, Колумбија и Португалија.