Во меѓувреме спласнува вербалниот судир помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск. Сè започна од страна на милијардерот со неговите критики за буџетските политики на Трамп, но и за наводна инволвираност на Трамп во документи на Џефри Епстајн.
Откако си разменија серија навреди на социјалните мрежи, денеска состојбата е малку поинаква. Американскиот претседател во изјава за Политико вели дека сè е во ред, одело одлично и никогаш не било подобро.
Британскиот Би-би-си објави дека Трамп и Маск наводно требало да се слушнат во текот на денот. Расправијата предизвика пад на акциите на Тесла за околу 150 милијарди долари, со дневен пад од 14,3 отсто.
