Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента повредени во пожарот во „Пулс“

Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени.

Се работи за Ангела Бошковска (24) и за Андреј Георгиев (23) кои попладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна реконструкција. Третманот на нивните повреди ќе продолжи во нашата држава.

Ангела и Андреј изразија бескрајна благодарност до лекарите во УКЦС за нивната грижа и пожртвуваност при нивното лекување.

Реклама

Во име на официјално Скопје, благодарност до лекарскиот персонал во УКЦС изрази македонскиот амбасадор Никола Тупанчевски.

Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС изрази благодарност до српските власти и министерот за здравство Златибор Лончар како и до македонските власти.

– Изразувам и благодарност до македонските власти кои секојдневно беа во контакт со нас, како и на македонскиот амбасадор Никола Тупанчевски кој постојано водеше грижа за состојбата на пациентите. Еве денеска ги отпуштаме последните двајца пациенти кои ги лекувавме во Ургентниот центар. Седумнаесет пациенти беа примени на 16 и 17 март со повреди здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани. Сите беа згрижени и лекувани во Ургентниот центар“, рече д-р Стојичиќ.

Тој додаде дека сите пациенти кои биле примени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија преживеаја и беа успешно лекувани.