Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

САД ставија вето на резолуцијата за гaза во Совет за безбедност на ОН

Соединетите Американски Држави го блокираа во Советот за безбедност на Он барањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соединетите Американски Држави го блокираа во Советот за безбедност на Он барањето за „итно, безусловно и трајно примирје„ меѓу Израел и исламитчката терористичка организација Хамас во појасот Гaза.

Вршителот на должноста амбасадор на САД во ОН, Дороти Шеј, стави вето на резолуцијата, која, исто така, требаше да обезбеди непречен пристап за хуманитарна помош на палестинската територија.

Останатите 14 членови на Советот гласаа „за„ нацрт-резолуцијата. САД го оправдаа својот став со невобичаено силна изјава: „ова е несериозна резолуција – срамна во време кога се поставуваат сериозни прашања за корисноста на ОН, нејзиното финансирање и користењето на ресурсите. Советот за безбедност треба да си постави повисоки стандарди“.

Реклама

САД јасно ставија до знаење „дека нема да поддржат никаква мерка која не го осудува Хамас и не повикува на разоружување и повлекување на Хамас од Газа„, рече Шеј пред гласањето во Советот.

„Оваа резолуција би ги поткопала дипломатските напори за прекин на огнот што ја одразува реалноста на теренот и ќе го охрабри Хамас”, објасни таа во врска со текстот поднесен од десетте непостојани членови на Советот.