Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Прилози

Судот го одобри обвинението за „Онкологија“, наскоро почеток на судењето против екс-директорот и онколозите

Ексдиректорот Нино Васев заедно со тројцата лекари онколози седнуваат на обвинителна клупа.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ексдиректорот Нино Васев заедно со тројцата лекари онколози седнуваат на обвинителна клупа. Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за несоодветните терапии кои им се давале на онколошките пациенти со и онака кревко здравје. Одбраната имала жалби за поднесениот обвинителен акт во кој лекарите се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни, но судиите не им ги прифатиле.

„Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува“, велат од Основен кривичен суд Скопје.

Според обвинителите, Васев како лекар, заедно со уште тројца онколози, на пациентите им давале погрешно дозирана терапија, а знаеле дека немаат никаква корист од неа и дополнително им го влошувале здравјето. Вештачењата од Словенија покажале дека кај најмалку 29 пациенти е утврден несоодветен третман со погрешно дозирање и отстапки од онколошките протоколи, за што на Васев му помагала колешка од одделето за тумори на дојка. Експерти пак од Србија констатирале погрешно лечење кај 18 пациенти. Другите двајца лекари онколози биле од одделот за бели дробови, и се товарта за давање терапија без медицинска основа.

Реклама

Во меѓувреме, Обвинителството се сретна со онколошките пациенти и семејствата на починатите од рак кои не го дочекаа крајот на истрагата, а кај кои било утврдено пропуст во лекувањето и им укажале на нивните права како оштетени.

Поранешниот директор Васев е обвинет и за финансиските злоупотреби при набавките на онколошката терапија, заедно со поранешниот организациски директор Нехат Нухи.