Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Бугарија повторно го злоупотребува членството во ЕУ: Одложена расправата за резолуцијата на Македонија

По силниот притисок на Бугарија, која повторно го злупотреби фактот дека е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По силниот притисок на Бугарија, која повторно го злупотреби фактот дека е земја членка на Европската Унија, одложена е расправата во Европскиот Парламент по резолуцијата за Македонија. Гласањето е презакажано за 24 јуни. Главниот известувач за државава Томас Вајц и покрај тоа што цврсто стои зад ставовите од извештајот во кој се цементираат македонскиот јазик и идентитет, им даде 20 дена рок на Бугарите да ги кажат своите забелешки. Ги отфрли сите обвинувања дека бил поткупен и им порача на бугарските европратеници да си ја ажурираат нивната листа на лобисти.

-Сите сведочевте дека имаше бројни интензивни политички дебати за овој извештај, јас морам да кажам дека апсолутно зад мојот извештај. Сите пратенички групи беа ангажарина во врска со преговорите, сите групи учествуваа во формирање на овој компромис, ова е извештај на Европскиот Парламент и Европската Унија, за состојбата за пристапување на Македонија. Овој извештај нема намена, ниту е тука како би се решавале билатералните прашања меѓу Бугарија и Македонија, изјави Вајц.

Бугарските европратеници Валчев и Станислав Стојанов упатија благодарност до Вајц бидејќи побарал одложување на расправата. Но, порачаа и дека не им требало да ги ажурираат листите на лобисти, како што побара Вајц.

Реклама

-Му благодарам на господинот Вајц за ова мудро, навремено и одговорно решение. Ќе споменам само затоа што и тој го спомена, нема зошто да го обновуваме регистарот на средбите со лобистите, бидејќи јас не спроведувам такви средби, немам такви средби, изјави Ивајло Валчев.

-Предлогот на господинот Вајц е појава на здрав разум. Навистина верувам дека во тој период раководството на Парламентот ќе направи неопходното за да ги разгледа и провери сите факти, односно недоследностите кои што ги востановивме, изјави Стојанов.

Инаку одложувањето на расправата следи по бурните реакции во Бугарија за извештајот во кој на четири места директно се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет. По бугарските европарламентарци удри и европратеникот од Шпанија Нико Санчез Амор, кој кажа дека неговата пратеничка група на Прогресивната алијанса на социјалистите и декомратите, го поддржува извештајот, притоа заблагодарувајќи се на оние кои биле вклучени во изработката на документот, велејќи дека постигнале одличен резултат.

-Не можеме да ги прифатиме и ги отфрламе непријатните обвинувања и инсинуации што беа користени за да се оправда барањата за одлагање што доаѓаа од други групи. Нема потреба да обвинувате некого, за да побарате нормална работа, како што е одлагање. Длабоко жалиме за зборовите и обвинувањата што беа изнесени на сметка на Вајц и другите преговарачи, изјави Санчез Амор.

Извстувачот во ЕП, Томас Вајц јасно изрази поддршка, велејќи дека Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски. Побара конструктивност и поддршка од европратениците за извештајот за напредокот на земјава.

Извештајот на Вајц е доказ дека и во рамките на Европската Унија веќе има различни гледишта и дека се прифаќаат македонските агрументи дека тоа што го бара Бугарија е неосновано и непримерно. Тоа се должи на дипломатската офанзива на македонската Влада која од доаѓањето на власт јасно ги пренесува цврстите позиции дека државата не може и не смее да поткелкне под бугарските уцени.

Матеја Петровски